Ако имате проблеми со акни и со мозолчиња, избегнувајте ги овие намирници.

Мозолчињата и акните можат да настанат поради многу различни фактори, но доколку подолго време не можете да ги отсраните, поведете сметка на исхраната.

Шеќери – намалете со консумирање слатки работи и газираните сокови.

Алкохол – алкохолот, особено жестоките пијалаци за кратко време можат да ја влошат состојбата на вашата кожа. Затоа намалете со консумација на алкохол.

Млечни производи – освен што можат да предизвикаат проблеми со варењето, млечните производи можат да бидат и причина за создавање мозолчиња.

Преработено месо – шунката, колбасите, сувомесните производи како и брзата храна се погубни за кожата. Намалете го нивното внесување во организмот на минимум.

Белиот леб и тестенините заменете ги со житарки.

Избегнувајте пржената храна и обидете се повеќе да јадете варена храна.

Храната пржена во длабоко масло не е добра ни за вашата фигура ни за вашата кожа, избегнувајте вакви оброци и преферирајте варена храна.

Јадете повеќе овошје, зеленчук, црвено месо, житарки и брзо ќе ја забележите разликата на вашата кожа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот