Ако имате крвна група А, имате и поголем ризик од инфаркт

Здравјето на срцето е една од работите што мора да ја одржувате бидејќи болестите на срцето се причина број еден за смртност во светот. Исто така, добро е да се знае и дали сте во ризичната група да доживеете срцев удар. Според резултатите од истражувањето, вашата крвна група игра голема улога во тоа.

Што ако имате крвна група нулта?

Истражувањето спроведено на 400.000 луѓе открило дека луѓето со крвна група А или Б заедно имаат 8 отсто поголеми шанси да доживеат срцев удар отколку луѓето со крвна група нулта. Слична студија покажала дека луѓето кои немаат крвна група нулта имаат 9 отсто поголеми шанси за појава на болести на кардиоваскуларниот систем или инфаркт.

Луѓето со крвна група Б припаѓаат на позагрозената група

Резултатите од студијата објавена оваа година покажуваат дека луѓето со крвна група Б имаат поголем ризик од луѓето со крвна група А и нулта. Според резултатите, луѓето со крвна група Б имаат 15 отсто поголеми шанси за срцев удар отколку луѓето со крвна група нулта.

Луѓето со крвна група А се најзагрозената група

Кога зборуваме за срцев удар, луѓето кои имаат крвна група А, сепак, се најзагрозената група со дополнителни 11 отсто шанси да доживеат инфаркт. Според кардиолозите, срцевата слабост и срцевиот удар се форми на срцеви заболувања, но застојот на срцето се развива постепено, додека инфарктот настапува веднаш. Инфарктот е исто така последица на срцевиот застој.

Според пишувањата на Европското здружение за кардиологија, постои поголема можност за развој на вакви состојби кај сите крвни групи, освен кај крвната група нулта, и тоа е затоа што тие се поподложни на развој на крвни згрутчувања.

Научниците открија дека проблемот може да биде во тоа што крвните групи носат протеини кои се поврзани со формирање на тромб во крвта. Ова го потврди уште една студија годинава, која докажува дека луѓето со крвни групи А и Б имаат 44 отсто поголеми шанси да доживеат тромбоза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот