„АКО ИМАШ ОСТАВИ, АКО НЕМАШ ЗЕМИ“: Корпи со што се покажува солидарноста на Италијанците во најтешките моменти

epaselect epa08369598 A basket with a sign reading in Italian: 'Those who can, put something in, those who can't, help yourself' hangs from a balcony during the nation-wide coronavirus lockdown, Turin, Italy, 17 April 2020. Italians lower baskets carrying staple food for the needy amid the spread of the SARS-CoV-2 coronavirus which causes the Covid-19 disease. EPA-EFE/TINO ROMANO

Многу граѓани го продаваат своето злато и часовници за да купат леб. Истражувањата покажуваат дека секое второ италијанско семејство почнало да ги троши своите заштеди.

Бидејќи деновиве има сè повеќе и повеќе луѓе кои немаат средства да купат основни прехранбени производи, граѓаните се организирале, па пред многу прозорци има корпи во кои секој што има вишок може да остави брашно, шеќер, макарони. Додека пак, тој што нема може слободно да се послужи.

До 4 мај во Италија е на сила карантинот, во кој е дозволено дамо одење во продавници за купување намирници, аптеки, со задолжителен сертификат.

Во продавниците може да се најдат сите намирници, иако понекогаш се јавува недостаток на квасец. На касите има поставено плексиглас плочи, а луѓето не се приближуваат едни до други дури дури и кога се свртени грб со грб и се со маски на лицето.

Бидејќи деновиве има се повеќе и повеќе луѓе кои немаат средства да купат основни намирници, граѓаните се организирале, така што пред многу прозорци има корпи во кои секој што има вишок може да остави брашно, шеќер, макарони …

„Ако имаш остави, ако немаш земи“- пишува на самите корпи.

Продавниците никогаш не престанаа да работат, тие се отворени од понеделник до четврток, од 6 до 14 часот, во петок и сабота од 6 до 19 часот, а во недела до 12 часот, пренесува РТС.

Од 4 мај, ништо посебно нема да се промени за Италијанците. Од 18 мај ќе се отворат продавниците за облека, библиотеките и музеите, додека фризерите, кафулињата и рестораните ќе бидат отворени од 1 јуни.

Секторите поврзани со музика, театар и кино и сè што е поврзано со уметноста и културата не се споменуваат воопшто. Училиштата се отвораат дури во септември.

Италијанците се прашуваат кој ќе им ги чува децата, доколку треба за започнат со работа, и од што ќе живеат.

Карантинот започна на 9-ти март. Многу граѓани го продаваат своето злато и часовници за да купат леб. Истражувањата покажуваат дека секое второ италијанско семејство почнало да ги троши своите заштеди.

Кризата во Италија, покрај тоа што е здравствена, таа станува сè повеќе и економска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот