Ако Хари го прифати американското државјанство засекогаш ќе ја загуби титулата принц!

инстаграм

Меган Маркл и принцот Хари неодамна ја напуштија Велика Британија и најпрво се преселија во Ванкувер, а потоа се упатија кон Лос Анџелес.

Но, странските медиуми прогнозираат дека оваа одлука негативно ќе влијае на Хари, бидејќи сметаат дека тој поради овој потег засекогаш би можел да остане без кралската титула.

Американскиот закон вели дека личност која го прифаќа државјанството мора да се откаже од титулата стекната со раѓање во некоја друга држава.

Иако потпиша дека титулата веќе нема да ја користи, Хари не го загуби правото на неа.

Сепак, ако се согласи на странско државјанство, остатокот од животот ќе го помине како „обичен граѓанин“ на САД.

Интересен е фактот што американски државјанин може да прими некоја титула, па така Меган не го загуби државјанството откако се омажи за принцот Хари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот