Ако добивате високи сметки за струја еден месец, а другиот само паушал, пожалете се во РКЕ!

Фото: Драган Митрески / Слободен печат.
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија ги известува потрошувачите дека можат да достават приговори ако добијат сметка за струја што не е реална.
,,Доколку потрошувачите добијат сметки во кои е фактурирана нереална потрошувачка на електрична енергија, истите може да поднесат претставка. Комисијата за жалби која функционира во рамките на РКЕ ќе им даде приоритет на решавање. Изминатиот период имаме укажување од потрошувачите дека добиваат високи сметки за струја за еден месец а наредниот месец добиваат сметка само за улично осветлување. Ние по овие претставки постапуваме веднаш, вели Марко Бислимоски претседател на РКЕ.
Тој додава дека потрошувачите имаат можност самите да ги отчитаат броилата и онлајн да ја пријават состојбата на страницата на ЕВН.
Од РКЕ потсетуваат дека ЕВН не смее да ги исклучува од системот за електрична енергија ранливите потрошувачи за декември јануари и февруари поради неплатени сметки, зашто ранливите потрошувачи имаат можност за одложено плаќање или плаќање на шест рати.
Исто така ранливите потрошувачи кои добиваат социјална помош имаат право да бараат од ЕВН да бидат ослободени од надоместок за повторно приклучување.
Исто така сите потрошувачи имаат право на надоместок на штета поради намалена испорака на електрична енергија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот