Ако добие отказ во Интер, Конте се враќа во Премиер лигата

epa08796402 Internazionale's head coach Antonio Conte reacts before the UEFA Champions League group B match between Real Madrid and FC Internazionale at Alfredo Di Stefano stadium in Madrid, Spain, 03 November 2020. EPA-EFE/JuanJo Martin

Италијанскиот тим денеска ќе ги претстави извештајот за минатата сезона и почетокот на новата како и големите загуби, што иронично претставува добра вест за тренерот Антонио Конте.

Како што стојат работите во таборот на „нероаѕурите“, Антонио Конте е сигурен на клупата, барем уште некое време иако Интер само чудо може да го спаси и да го остави во Лигата на шампионите.

Токму Конте е најлошиот тренер во историјата на клубот кога станува збор за натпреварите во Лигата на шампионите, но засега нема да биде отпуштен.

Денеска, Интер ќе има годишно собрание на акционерите на кое ќе биде усвоен извештајот за минатата сезона и загубите кои изнесуваат 100 милиони евра. Иронично, загубите се добра вест за Конте бидејќи клубот не смее да си дозволи да му врачи отказ и да го донесе Масимилијано Алегри. На платниот список на Интер до идното лето се наоѓа и Лучано Спалети кој ја предводеше екипата пред Конте кој пак има загарантирана плата од 12 милиони евра годишно. Токму поради големата плата, Конте е сигурен на клупата на Интер.

Тренерот по поразот од Реал Мадрид во Лигата на шампионите, во соблекувалната им рекол на своите играчи дека поразот е болен и тежок, но дека мора да ги кренат главите бидејќи сезоната не е завршена и мораат да се борат за титулата во Серија А како и да напават нешто во Лигата на Европа доколку завршат на третото место во групата.
„За погреб е рано“, на бизарен начин ја опиша состојбата околу Конте весникот „Кориере дело Спорт“.

Доколку Конте добие отказ во текот на сезоната, тој идната година би можел експресно да се врати во Премиер лигата. Англиските медиуми тврдат дека Конте е еден од главните кандидати за клупата на Манчестер јунајтед доколку Оле Гунар Солскјер биде сменет.

Причината за вметнувањето на името на Конте меѓу кандидатите е бидејќи во управата на Јунајтед постои отпор кон Маурицио Покетино и дел од челниците сметаат дека на тимот му е потребна цврста рака како таа на Италијанецот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот