Ако детето се врати од училиште со овие симптоми, можеби станува збор за коронавирус

Малечко девојче со заштитна маска, како мерка против коронавирусот / Фото: Unsplash

Стручњаците од Универзитетот Јејл предупредуваат дека кашлицата и губењето на мирисот не се така чести кај заразата со сојот делта, додека главоболката, болното грло и зголемената температура се меѓу првите симптоми.

За разлика од претходните варијанти што ги заобиколуваа децата, оваа не ги избира своите жртви, па и децата до 12 години се во опасност.

Засега познати симптоми кај децата и младите се температурата заедно со кашлицата, течењето на носот, гастроентеролошките нарушувања, но и осипот што не се појавува толку често, велат педијатрите. Пред сојот делта, ковид-19 немаше симптоми кај децата, но сега сѐ се промени. Без разлика која варијанта во моментов е доминантна, родителите мора да бидат свесни и за другите состојби што може ковид-19 да ги предизвика кај младите луѓе.

Една од сериозните болести е секако мултисистемскиот воспалителен синдром (MIS-C). Кај децата тоа е состојба кога различни делови од телото се под влијание на воспалението, а тоа се однесува на белите дробови, срцето, бубрезите, кожата, очите и гастроентеролошките органи. Секако, важно е веднаш да контактирате со лекар, медицинско лице или болница ако забележите некој од овие симптоми кај детето:

– Висока телесна температура

– Болка во пределот на стомакот

– Повраќање

– Пролив

– Болка во вратот

– Осип

– Црвенило на окото

– Силен замор

– Низок крвен притисок

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот