Ако беше толку загрижен за украинската криза, Вучиќ ќе разговараше со Лавров во ОН, обвини Захарова

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова денеска изјави дека српскиот претседател Александар Вучиќ можел да разговара со министерот Сергеј Лавров за украинската криза која го „загрижува“ на маргините на 79. седница на Генералното собрание на ОН.

– Знаете, ако таа тема навистина го загрижува Александар Вучиќ, тој за тоа ќе разговараше со Сергеј Лавров на маргините на ГС на ОН, кога двајцата беа таму и кога ја даде таквата изјава – посочи Захарова, коментирајќи ја изјавата на Вучиќ за траењето на украинскиот судир.

Марија Захарова/ Фото: ЕПА

Руските медиуми објавија дека Вучиќ зборувајќи за конфликтот во Украина изјавил дека „на крај ќе биде мир, затоа ќе има силна борба за секое село. Ќе биде достигнато корејското сценарио и тоа нема да има решение за 10, 20 или 30 години и тоа ќе биде суштинско решение за судирот во Украина“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот