Акин е наследник на Каран во Шкупи

Булент Акин е новиот тренер на скопскиот прволигаш Шкупи. Тој доаѓа на местото на турската легенда Умит Каран кој пред десетина дена си поднесе оставка.

Акин потпиша едногодишен договор, а негов помошник ќе биде Орхан Абди. Булент Акин е роден во Брисел, но има турско потекло и станува збор за за поранешен фудбалер на Галатасарај и на Андерлехт.

Официјалното деби на клупата на Шкупи ќе го има на 14 септември против Силекс во рамките на петтото коло од македонската прва лига.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот