Се интензивира ослободувањето на заробени дрвја во Скопје

заробени дрва

Околу 800 дрвја во Скопје, од кои 200 под надлежност на Градот се заробени поради несовесно изведување на градежни работи на улиците. Најголем дел од дрвјата се наоѓаат во општина Центар, каде што денеска градоначалниците на Град Скопје, Петре Шилегов, и на општина Центар, Саша Богдановиќ најавија нивно ослободување.

„Досега се работеше на улиците Живко Чинго, Михаил Цоков, Коле Неделковски, каде беа ослободени 56 дрвја“, рече Богдановиќ.

Локацијата на прес конференцијата беше симболично избрана, во близина на исушено дрво, обележано за сечење, поради заробените корени.

„ Ние ќе направиме се што е во наша моќ, да го сочуваме зеленилото во градот. Управувајќи со системот на Град Скопје, при градежните работи што ги изведуваме, водиме сметка повеќе ниту едно дрво да не биде заробено“, рече Шилегов и додаде дека акција за ослободување на дрвата ќе се одвива и во општина Аеродром, каде се лоцирани 20 заробени дрва.

Акцијата за ослободување на дрвјата ќе се интензивира во текот на претстојниот период, а со неа ќе бидат опфатени и општините Карпош и Чаир.

Очекувањата се дека до крајот на сезонава, истата успешно ќе заврши.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот