Акција за чистење мини депонии во Бутел, во првата фаза отстранет 20 тони шут

Во првата фаза од акцијата, информираат од Општината, исфрлени се десет камиони – 20-тони шут во депонијата „Дрисла”.

Општина Бутел спроведе еко-акција каде се исчитија повеќе локации на цела територија на Општината.

Досега, како што соопшти Општината, се исчистени пет локации каде имало мини депонии и тоа во село Радишани улица „8″ на спојот со патот на село Љуботен, улиците „Бутелска” – кај Расадник, „Бетовенова” на спој со „Алекдандар Бујнов”, парк површина од улицата „Груица Војвода” позади кино Бутел, Скопје – Север улици „Гоце Стојчевски” и „Боро Менков”.

Акцијата се спроведува во координација на комуналното одделение на Општина Бутел и секторот за комунални работи на Град Скопје.

Во првата фаза од акцијата, информираат од Општината, исфрлени се десет камиони – 20-тони шут во депонијата „Дрисла”.

Во втората фаза предвидени се уште три локации од кои патот од гробишта Бутел кон патот кој води до Кучевишка Бара, последна 8-ца н.м Љуботенски пат. Предвидена е и санација на најголемата депонија од улица „Александара Урдаревски” на патот кон гробишта Бутел, односно од левата страната после мостот на реката Серава.

– Општина Бутел и во иднина ќе продолжи со акциите за чистење на сите депонии кои се наоѓаат на нејзината територија. Воедно, општина Бутел апелира до граѓаните да не одложуваат отпад на јавни површини и да го почитуваат Законот за јавна чистота, се наведува во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот