21.8 C
Скопје

Акција во Општина Градско: Исчистен снегот на патот од браната на Подлешко езеро до селото Подлес

Јавното комунално претпријатие (ЈКП) „Клепа” на Општина Градско вчера го расчисти снегот на патот од браната на Подлешко Езеро до селото Подлес, во должина од околу два километри, информира за МИА директор на ЈКП „Клепа”, Влатко Арсов.

– За кратко време го расчистивме патот од снег со новиот трактор за расчистување „кубота” кој има повеќе функции – напред расчистува, а назад исфрла сол и песок и го спречува замрзнувањето на патот. Иако имаше мала покривка од само десетина сантиметри, сепак со расчистување на патот и го превениравме од неговото подмрзнување и со тоа ја обезбедивме безбедноста на возачите на овој пат, информира Арсов.

Тој додаде дека со оваа активност, тие вчера првпат го испробале новото возило кое лани ЈКП „Клепа” односно Општина Градско го доби како донација од Амбасадата на Јапонија, кое има и функција на ровокопач.

Арсов информира дека ЈКП „Клепа” навреме се обезбедило со доволни количества на сол, песок и ризла за расчистување на локалните патишта од снег и спремно очекува нови врнежи од снег.

Поврзани вести

Над 60 отсто од новите случаи на Ковид-19 во Лисабон се од индискиот сој

Слободен печат

ВИДЕО | И покрај забраната, на Стоунхенџ се собраа стотици ентузијасти

Слободен печат

Царовска: Истражни органи треба да утврдат како се правеле набавките на учебници

Слободен печат

Израелската војска успешно тестирала противавионски ласер

Слободен печат

ГАЛЕРИЈА: Радовиш го зафати силно невреме, откорнати се неколку дрвја

Слободен печат

Невреме во Струмица: Oткорнати дрвја и урнат електричен столб

Слободен печат

Остави Коментар