Акција „Рефлекс“: Полицијата спречи нелегален влез на 252 мигранти (ФОТО)

Во рамки на оперативната акција „Рефлекс”, полициски службеници од повеќе организациски единици на Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спречија влез на 252 лица-мигранти долж граничната линија со Грција, Бугарија и Србија и внатре, на територија на Република Северна Македонија.

Во денешното соопштение од МВР се потсетува и на вчерашниот ден кога беше сузбиена 12-члена организирана криминална група за криумчарење мигранти.

МВР, се подвлекува, и во наредниот период продолжува со мерки и активности за спречување на илегален влез на териоторијата на Република Северна Македонија.

АКЦИЈА НА МВР: Приведени 10 лица кои криумчареле мигранти (ФОТО+ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот