Акција на Слободен печат: И нашите деца се медиумски ѕвезди на Денот на шегата! – 7 ДЕЛ, овојпат во соработка со Центарот за ран детски развој „Мара Бубамара“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Од центарот за ран детски развој „Мара Бубамара“ ни пристигнаа фотографии од нивните дечиња креативно маскирани за Денот на шегата.

Посебноста и успешноста на центарот за ран детски развој „Мара Бубамара“ се должи на две вредни жени, Сања Костиќ и Сузана Буцевска Јовчевска, и нивниот тим кој работи под девизата децата се најголемо богатство. Во „Мара Бубамара“ се работи со дечиња на возраст од три до шест години, односно до поаѓање в училиште. Но, поради познатата ситуација на изолација, Сузана и Сања ги поттикнуваат и понатаму нивните дечиња на креатовно размислување и делување.

Придружете ни се и вие. Ослободете ја целата имагинација и помогнете им на вашите дечиња да направат креативни маски. Потоа, испратете ни фотографии од успешната маскенбалска креација на:

[email protected]

Повикот за маскенбалска забава трае до недела (5 април). Испраќајте ни фотографии заклучно со 5 април! Најуспешните маски ќе ги објавуваме секојдневно во порталот „Слободен печат“ и на страниците на „Женски печат“ во весникот Слободен печат, во вторник (7 април).

Напомена: Родител да ги испрати фотографиите, со име и презиме и возраст на детето.

ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ УЖИВАЈТЕ ВО ВЕСЕЛАТА ФОТОГАЛЕРИЈА НА НОВИТЕ МЕДИУМСКИ ЅВЕЗДИ ОД „МАРА БУБАМАРА“.

ЗА ПРЕТХОДНИОТ ДЕЛ ОД ГАЛЕРИЈАТА КЛИКНЕТЕ ТУКА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот