Акција на мароканските служби: Запленети 9,2 тони масло од канабис закопани во песок

epa-efe
Фото: EPA-EFE/KOSTAS TSIRONIS

Мароканските служби открија и запленија речиси 9,2 тони масло од канабис што било закопано во песок во регионот Гелмим, соопштија тамошните власти. Веднаш е отворена и истрага за утврдување на сите факти за мрежата на шверцери кои во јануари биле мета на акцијата.

Мароко се вбројува меѓу најголемите светски производители на канабис, билка што најмногу се одгледува во планинскиот регион Риф, на северот на земјата.

Годишното производство се проценува на повеќе од 700 тони чија вредност, според истражувањата од 2020 година, е околу 19 милијарди евра.

Властите во Мароко тврдат дека спроведуваат „интензивни и континуирани“ акции во борбата против криумчари на наркотици. Официјалните податоци за минатата година укажуваат на заплена на 217 тони на масло од канабис, при што се уапсени речиси 98.000 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот