АКЦИЈА НА ЕСМ: Засадени 50.000 садници кај РЕК Битола

Фото: Илустрација

АД ЕСМ, заедно со подружницата на РЕК Битола и здружението на поранешни акцијаши „Пелистер“ од Битола, денеска ја почнаа акцијата за засадување на 50 илјади садници на копот кај РЕК Битола.

Сите 50 илјади садници ќе бидат од багрем, како што на претходната акција предложија од Министерството за земјоделие на Македонија, бидејки тие се покажаа како најоптимални за опстојување на овој простор и почва.

– Со минатогодината акција, кога исто така беа засадени 50.000 садници со багрем, за само две години, откако со ЕСМ раководи новиот менаџмент ќе бидат засадени вкупно 100.000 садници од багрем. Тоа е една третина од сите досега засадени саднции откако постои Комбинатот РЕК Битола, што е најдобра потврда за посветеноста на ова раководство на подобрување на животна средина и околина – рече првиот човек на АД ЕСМ Васко Ковачевски.

Фото: Битолски весник

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот