АКЦИЈА КАКО ВО ФИЛМОВИ НА АВТОПАТ: Турската полиција заплени 1,8 тони марихуана во две комбиња со албански таблички (ВИДЕО)

Принтскрин

Голема количина марихуана, односно 1.8 тони, е запленета во Турција, а се транспортираше во комбиња со албански регистарски таблички.

Турските медиуми јавуваат дека во една супер акција на властите биле приведени вкупно 9 шверцери, од кои двајца се странци, но не даваат информации од кое место, пренесува Балканвеб.

Истрагата на турската полиција за сузбивање на оваа криминална група за трговија со дрога од Албанија во Турција, започнала пред  шест месеци. Според властите, дрогата била скриена меѓу текстилни материјали во комбиња кои доаѓаа од Албанија.

Турските медиуми го објавија и видеото од акцијата за запленувањето на 1,8 тони марихуана. Како што се гледа од видеото се се случува на автопат, додека турските власти ги следат и ги запираат комбињата, а при тоа и дрогата е пронајдена.

Принт

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот