Акциите на Тесла пораснаа за над 10 проценти

Ваквиот скок се должи на неочекувано големата продажба на автомобили од овој производител во првиот квартал од годината.

Откако компанијата Тесла соопшти дека во првиот квартал од годината реализирала продажба на 88.400 автомобили, ваквата информација ги катапултираше нејзините акции кои веднаш забележаа пораст за повеќе од 10 проценти.

Претходно очекувањата на аналитичарите биле дека компанијата ќе испорача околу 79.900 автомобили, се вели во истражувањето на агенцијата „FactSet“.

Според моделите, Тесла соопшти дека најбарани биле комбинираните модели „Model 3“ и „Cross Y SU Моdel Y“, а биле испорачани и 12.200 единици од постари но поскапи модели од серијата S I Y.

Бројките ги надминаа очекувањата, а при проценките предвид била земена и пандемијата со КОВИД – 19, која предизвика Тесла во последната недела од март да го запре производството на нови автомобили во својата главна фабрика во Вермонт, Калифорнија, а исто така производството беше запрено и во Шангај во јануари и февруари.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот