9 C
Скопје

Акциите на Рено пораснаа за речиси 15 отсто, по владината поддршка и новиот план

Речиси целиот автомобилски сектор е добро ориентиран на берзата

Акциите на Рено пораснаа за речиси 15 отсто во текот на денот на Париската берза, засилени со планот за поддршка на Владата за автомобилскиот сектор и откривањето на новата стратегија од страна на алијансата Рено-Нисан -Митсубиши моторс, јави дописникот на МИА од Париз.

Околу пладне една акција на Рено се разменуваше за 21,96 евра, односно пораст од 14,62 отсто, на пазарот кој имаше пораст  од 1,88 отсто.

Овој ентузијазам  за Рено се должи на „објавување на стратешкиот план и зголемени синергии со Нисан- Митсубиши моторс благодарение на „одвојувањето на задачите и многу поострата географска распределба помеѓу овие три субјекти на алијансата” , коментараа аналитачарите.

Рено, Нисан и Митсубиши Моторс во средата најавија дека сега ја насочуваат профитабилноста како приоритет и ќе и стават крај на трката за количини, во спротивност со стратегијата на соборениот поранешен шеф на групата Карлос Гон.

Новата стратегија на тој начин планира заеднички да развие и произведе речиси 50 отсто од нивните модели до 2025 година, што „треба да овозможи да се намалат трошоците и инвестициските трошоци по модел до 40 отсто за возила дизајнирани според оваа нова шема, соопшти Алијансата.

Најавата на француската Влада за огромен план за поддршка од над 8 милијарди евра за автомобилската индустрија, тешко погодена од кризата со коронавирус, исто така помогна за скокот на акциите на Рено.  Покрај тоа, речиси целиот автомобилски сектор е добро ориентиран на берзата.

Акциите на Пежо пораснаа за 7,76 отсто на 13,95 евра, Пластик Омниум за 7,73 отсто на 20,48 евра, Валео за  5,78 отсто на 22,88 евра и Фаурециа за 3,78 отсто на 38,20 евра. 

Прочитајте и...  Удобности на државен трошок: За шест месеци, Хоџа потрошил повеќе од 22.000 евра на кафе и ручеци

Поврзани вести

Бајден: Мирните протести се разбирливи, но нема оправдување за насилството

Слободен печат

Најмалку 20 загинати во автобуска несреќа во Перу

Слободен печат

ВИДЕО: Убиен ученик, ранет полицаец при пукање во средното училиште Остин-Исток Магнет во Ноксвил

Слободен печат

Ќе се согорува ли отпад на нивите зад Железарница?

Југослава Дуковска

Македонски и математика – по пет часа неделно

Михаило Донев

Би-Би-Си добил 100.000 жалби за известувањето за смртта на принцот Филип

Слободен печат

Остави Коментар