Акциска контрола во угостителски објекти во Скопје

Дискотека полиција
Полиција во дискотека / Фото: МИА

Во рамки на проектот „Безбедно лето 2022“, полицијата во период од 00.00 до 2.00 часот спроведе акциска контрола во повеќе угостителски објекти во Скопје.

„При контролата, во еден угостителски објект биле затекнати пет малолетници по полноќ. По документирање на случајот против лицата и правни субјекти ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, информира Министерството за внатрешни работи.

Воедно, од МВР додаваат дека од претставниците на Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат биле констатирани прекршоци во контролираните објекти за што ќе бидат изречени соодветни санкции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот