Акциска контрола на угостителски објекти во Скопје и Струмица

Во повеќе скопски угостителски објекти вчера вечер беше извршена контрола, при што беа легитимирани 36 лица. Едното од нив е приведено заради утврдување на идентитет, потоа беа проверени десетина возила при што едно возило е одземено за понатамошна постапка.

Контролите беа извршени од страна на полициски службеници од СВР Скопје, од Одделот за криминалистичка полиција и од Одделот за специјални полициски операции, во координација со тимови од Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат.

Од страна на УЈП и ДПИ се изречени казни по однос на неиздавање фискални сметки како и мандатна казна по однос на непочитување на Законот за пушење.

Како што информираат од МВР, ваква активност беше реализирана и на подрачјето на СВР Струмица, односно во дискотека во Струмица каде што се детектирани повеќе неправилности во работењето.

-Така, меѓу другото, констатирано е постоење на неевидентиран готовински промет во висина од над 125.000 денари, потоа работа на лица кои не биле пријавени согласно ЗРО, потоа прекршувања по основ на Законот за угостителска дејност, и по целосно документирање против правното лице и одговорните лица во правното лице ке бидат изречени соодветни санкции. Од страна на полициските службеници беа извршени 16 проверки на идентитет, 12 прегледи на лица, а затекнати се и 10 малолетни лица, се наведува во соопштението на МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот