Акција за обележување на пешачките премини во Железара и Автокоманда.

Фото: Општина Гази Баба

Општина Гази Баба информира дека, за да се зголеми безбедноста на пешаците во сообраќајот, деновиве екипите на јавното претпријатие Гази Баба 2007 започнале со акција за обележување на пешачките премини во Железара и Автокоманда.

– Оваа акција се спроведува со цел поголема безбедност на пешаците во сообраќајот. Акцијата започна од Железара и Автокоманда, а во следните денови ќе продолжи и на локалните улици низ останатите населени места, додека приоритет ќе биде даден на улиците во близина на училиштата и градинките. Сообраќајната вертикална и хоризонтална сигнализација на локалните улици ќе биде оддржувана согласно утврден распоред – објаснуваат од Општина Гази Баба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот