Паднаа акциите на „Рио Тинто“ откако Србија укина дозволи за истражување литиум

Фото: EPA-EFE/MICK TSIKAS

Акциите на британско-австралиската рударска компанија „Рио Тинто“ паднаа денеска, откако Србија ги укина дозволите за истражување литиум поради еколошки грижи, намалувајќи ги шансите на компанијата да стане лидер во европското производство на тој метал.

Акциите на „Рио“ се затворија за 4,1 отсто на австралиската берза вчера и накратко потонаа за 5,1 отсто, најсилно од август 2021 година. Во тргувањето утринава во Лондон тие се со вредност за повеќе од три отсто. Од компанијата наведоа дека се „крајно загрижени“ за одлуката на Белград, додавајќи дека ја разгледуваат својата правна основа. Австралиската влада соопшти дека жали поради одлуката на српската влада да ги одземе дозволите.

– Посочуваме дека значајната инвестиција на „Рио Тинто“ во Србија би донела големи економски придобивки. Австралиските компании за ресурси имаат извонредна репутација низ целиот свет, особено кога станува збор за експертиза, се вели во изјавата на австралиската влада.

Одлуката на Србија е тежок удар за австралиската компанија, која се надеваше дека рудникот Јадар ќе ѝ обезбеди место меѓу десетте водечки производители на литиум во светот. Литиумот е клучна состојка во батериите, важна компонента на електричните автомобили.

Рудникот е единствениот проект на „Рио“ за вадење литиум и требаше да произведе 58 000 тони рафиниран литиум карбонат за батерии, што би бил најголемиот во Европа.

Пред еден месец, компанијата објави и купување на рудник за литиум во Аргентина за 825 милиони долари. Силната глобална побарувачка за овој метал далеку ја надминува понудата и неговите цени достигнаа рекордно ниво во последниве години. Цените на фјучерсите, кои почнаа да се тргуваат на берзата во Чикаго во мај минатата година, скокнаа за цели 171 отсто вчера на рекордни 38 американски долари за килограм.

Извор: МИА

ВИДЕО | Брнабиќ: Ги исполнивме сите барања од еколошките протести и ставивме крај

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот