Акар: Анкара го поддржува Баку

Турција денеска побара Ерменија веднаш да ги прекине непријателствата со Азербејџан, кои „ќе го фрлат целиот регион во оган”.

Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, истакна дека најголемата пречка за мирот и стабилноста на Кавказ е непријателскиот став на Ерменија. Акар додаде дека оваа земја мора веднаш да го запре непријателството кон Азербејџан, што „ќе го фрли регионот во оган”. Тој ја осуди Ерменија за, како што рече, провокациите кон Азербејџан.

Британските медиуми пренесуваат дека турскиот министер бил дециден дека Анкара „со сигурност” ќе го поддржи Баку во спорот.

Владата на Ерменија и претседателот на непризнатата република Нагорно Карабах денеска прогласија воена состојба и општа мобилизација на населението поради ескалацијата на конфликтот во регионот.

Министерството за одбрана на Азербејџан издаде соопштение во кое јави за интензивни судири за важни позиции во Нагорно Карабах по целата линија на фронтот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот