Академик Таки Фити: Треба да се скратат непродутктивните владини потрошувачки – коли, мебел и патувања

Академикот Таки Фити во „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“ зборуваше за моменталната економска ситуација во земјата и импликациите од коронавирусот врз еконимијата.

– Владата излезе со определен пакет на мерки и како што беше соопштено, тие мерки и ќе се надополнуваат. Очекувањата се јасни – пикот ќе следува подоцна во Македонија – најверојатно еден месец од сега. Така што ќе следуваат и други мерки кои ќе се носат во тек. Сега Владата има правна основа, прогласена е вонредна ситуација која може да носи уредби со сила на закон, вклучувајќи ги уредбите за пренамена на буџетските средства – посочи Фити.

Појасни дека буџетот е релативно голем и оти сега освновно е да се обезбедат доволно ресурси во здравствениот ститем, бидејќи здравјето и животот на луѓето се прв и освновен приоритет.

– Во рацете на економијата треба да се направи една детална анализа на сите буџетски позиции. Се она што може да се скрати и се она што може да почека како буџетска програма треба да се направи. Треба да се скратат непродутктивните владини потрошувачки – коли, мебел, репрезентација, патување – изјави за „Утрински брифинг“ Фити, зборувајќи за мерките на Владата и воопшто финансиката ситуација на локално и глобално ниво предизвикана од коронавирусот.

Академикот Фити посочи дека е време да се работи на спасување на постојните работни позици, а да почека отворањето на нови работни места.

– Имате буџетски позииции во кои не смее да се чепка. Земете ги социјалните трансфери кои што се огромни. Таму не само што не треба да се крати, туку и да се зголеми, бидејќи освен на стопанството, буцџетот/Владата ќе треба да помогне и на граѓаните. Ова што е направено за микро, малите и средните претпријатија е прв чекор. Не се е тоа големи пари, но за премостување, во почетокот се сосема доволни. Може Македонската банка за обнова и развој да побара и нови средства – посочи академикот.

Треба и брзо враќање на ДДВ-ТО за да се задржи ликвидноста

Академикот Фити смета дека фискалниот простор во Македонија е релативно изгубен, со двојното зголемување на јавниот долг во периодот од 2008 до 2016 година.

-Но, сега е вонредна ситуација, според тоа државата може и треба да се задолжува и да порасне јавниот долг, а кога ќе се стабилизира економијата да се сервисираат и создадат подобри услов. Да избегнеме задолжување по комерцијални услови – како што е мобилизација на евро-обврзницата – изјави академик Фити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот