28.8 C
Скопје

Академик Беџети за концепцијата за основно образование: Дури и најдолгите патишта почнуваат со првите чекори

Академик Абдулменаф Беџети ја оцени како многу плодна денешната дебата на членовите на Одделението за општествени науки на МАНУ и на Центарот за стратегиски истражувања на МАНУ со претставници на Министерството за образование и наука (МОН), Бирото за развој на образованието и на работната група што ја изготви концепцијата за основно образование.

Беџети, како што соопшти Министерство за образование и наука, повика на поддршка на оваа иницијатива.

– Ми останува да повикам на поддршка на оваа иницијатива, бидејќи знаеме колку е комплексно, колку е тешко да се влезе во ваков комплексен зафат. За поздравување е тоа што првпат, дури и при расправа за еден реформски зафат во основно образование, се повикуваат дури и институции од највисоки образовни и научни области како што се претставниците на МАНУ. Од оваа гледна точка навистина сите елементи беа разгледани, расправата беше многу плодна, конструктивна и би требало да биде проследена и од другите, изјави академик Беџети.

Тој укажа дека има голем консензус во тоа дека проблемите во образованието и образовниот систем започнуваат во основно образование, а како последица ги има и во високото образование.

– Се чудам дека има сé уште такви кои размислуваат со резерва и на некој начин со предрасуди за да не се влезе во почетни промени во овој дел. Не само дека тоа е законска обврска, која произлегува од веќе донесениот закон пред две години, туку е определба да не се задоцни, нагласи Беџети.

За академиците, како што рече, останува да дадат конструктивен придонес за реформата да се одвива во најдобар тек.

– Дури и најдолгите патишта почнуваат со првите чекори. Ова се само први чекори на влегување во еден многу тежок и комплексен систем, а Министерството, работната група и сите чинители во тој дел, на чело со Бирото за развој на образованието многу јасно ги препознаваат овие проблеми и знаат дека и решенијата не се така едноставни, туку тие се доста комплексни од сите аспекти. Почнувајќи од педагошки аспект, од ресурси, од инфраструктура и суперструктура на образование, па се до резултати на учење коишто треба да произлезат од ова, рече академик Беџети.

Поврзани вести

Дел од село Драчево утре без струја

Слободен печат

САД: Нови санкции против Русија поради Навални

Слободен печат

Телото на „белгискиот Рамбо“ најден во парк

Авион на „Рајанер” полета од Тулуз без сите патници

Слободен печат

Нова валута излегува на пазарот

Слободен печат

Москва: Околу 150 цркви добиле закани со бомба

Слободен печат

Остави Коментар