Академик Беџети: МАНУ не успеа да има заедничка позиција

Жалам што МАНУ не успеа да изгради заеднички став за новата концепција за основното образование, истакна академикот Абдулменаф Беџети на јавната расправа во Собранието.

Тој напомена дека се неопходни реформи и потсети дека врз основа на квалитетот на образованието е значаен фактор при мерењето на развојот на општеството.

– Квалитетот го дава човекот. Денеска Обединетите нации, во третиот милениум, го мерат развојот на општеството по индексот на човековиот развој и тоа врз основа на три фактори. Прво, материјалниот фактор односно БДП, втор е квалитетот на образование, а трет е здравство, односно просечниот животен век, изјави академикот Беџети, кој воедно ги критикуваше досегашните практики во образовниот систем во земјава.

Според него, образованието во Македонија креира парадокс, кои најдобро се воочуваат на пазарот на труд.

– Имаме асиметрична побарувачка на пазарот на труд. Имаме понуда што пазарот не ја апсолвира, а сето тоа е од основата. Замислете, ученици од средно училиште се запишуваат на Педагошки факултет, а тоа се за жал најслабите, и како потоа да очекуваме добар производ, прашува Беџети.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот