Академијата за танц од Ротердам гостува со „Таленти во движење“

На 15. „Танц фест“ вечер ќе гостува Академијата за танц од Ротердам со перформансот „Таленти во движење“.

На сцената на Македонскиот народен театар од 20 часот холандските танчари ќе претстават осум кореографии.

„Танц фест“ беше отворен во четвртокот со „Идентитети“ на Скопје танцовиот театар.

Под мотото „Идентитети што не смеат да се пропуштат“ фестивалот ќе се одржува до 23 април.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот