Академијата за судии и јавни обвинители не избра директор, петмина членови на УО беа воздржани и не кажаа зошто

Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители „Пaвел Шатев“ денеска на јавна седница не избра директор по огласот на Академијата.

На огласот за директор на Академијата пристигнати биле две кандидатури, од актуелната директорка Наташа Габер Дамјановска и судијката Оља Ристова.

За Габер Дамјановска четворица гласаа „за“ и пет „воздржани“, додека за Ристова еден „за“ и осум „воздржани“. За избор на директор потребни се минимум пет гласа „за“ од девет членови на УО.

Пeттемина членови на УО кои не гласаа за Габер Дамјановска не понудија никакво образложение за својата одлука, откако претходно се согласија дека таа ги исполнува условите за нов избор. Слична беше ситуацијата и при гласањето за Ристова – ниту еден од членовите на УО на Академијата кои беа воздржани, не објасни зошто така гласал.

Според образложението на членот на УО на Академијата судијката на врховен суд на РСМ Цветанка Периќ, и двете кандидатки го исполнуваа условот за директор на АСЈО. Претседателот на Управниот одбор, судијата Лазар Нанев, појасни дека актуелната директорка Габер-Дамјановска ќе ја извршува функцијата до истекот на нејзиниот мандат, до крајот на годината и најави дека повторно ќе биде објавен оглас за избор на директор на Академијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот