Академија Пандев не смее да се потцени

фото: ФК Зрињски

Екипата на Академија Пандев утревечер на Националната Арена „Тодор Проески“ ќе го има деби настапот во европските купови. Противник во првото коло од квалификациите за Лигата на Европа е екипата на Зрињски од Мостар, кој е шесткратен шампион на БиХ.

Иако „пандевци“ се дебитанти во евро куповите, од противникот кој ја има фаворитската улога, добиваат максимален респект .

– Мило ми е дека сме тука во Скопје во овој спортски град со голема традиција и со прекрасен стадион. Морам да кажам дека максимално ја респектираме Академија Пандев, а тоа го покажуваат и резултатите, трето место во Првата лига и трофеј во Купот. Тоа се резултати за респект. Сигурно нема да ја потцениме Академија Пандев, но знаеме која е нашата цел и кои се нашите предности. За нас секој позитивен резултат е добар, а ќе направиме сѐ за да напавиме реваншот да ни биде полесен. Но, сѐ ќе покаже теренот – изјави тренерот на Зрињски, Хари Вукас.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот