Академија Пандев го претстави 11-то засилување во зимскиот преоден рок

Фото: ФК Академија Пандев

Академија Пандев денес потпиша две ипол годишен договор со Аргентинецот, Нахуел Франко кој е 11-то засилување за струмичкиот клуб.

Аргентинскиот интернационалец пристигнува од прволигашот Росарио Централ каде што ја помина комплетната младинска школа.

Левиот бек доаѓа во Струмица со цел да ја засили одбраната. „Пандевци“ направија вистинска реконструкција во овој зимски преоден рок, па вториот дел од сезоната ќе го започнат со 11 нови имњиа.

Во овој момент Академија Пандев се наоѓа во долниот дел на табелата и предводени од тренерот Александар Васоски до крајот на сезоната ги чека борба за опстанок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот