Академија Пандев е првиот финалист во Купот на Македонија

Академија Пандев /Фото: ФК Академија Пандев/facebook

Денеска во полуфиналето од Купот на Македонија составот на Академија Пандев со резултат 3:1 успеа да го елиминира тимот на Македонија ЃП. Ова е втора победа во низа за Академија Пандев во три дена против истиот ривал, претходно триумфираше со 2:1 во Првата лига.

На денешната куп пресметка Ферати им донесе водство на „пандевци“ во 15 минута, израмнија „лавовите“ од Ѓорче Петров преку Ајрулахи (31`). Стрелецот на голот за струмичкиот клуб 180 секунди подоцна го напушти теренот поради два жолти картони.

Но, и покрај тоа екипата на Александар Васоски дојде до нова минимална предност со погодокот на Радески од пенал (55`).

Силите на теренот беа израмнети откако во редовите на Жикица Тасевски црвен картон доби Китановски во 60 минута од средбата. Конечниот епилог го постави Радески во самиот финиш од дуелот, повторно беше прецизен од белата точка.

Во второто полуфинале силите ќе ги одмерат Струга Трим Лум и Силекс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот