Академија ФМП влезе во првата кошаркарска лига

Академија ФМП го доби возвратниот дуел со службен резултат од 20:0.

Како што велат од таборот на Академија ФМП оваа победа доаѓа како круна на целокупниот труд вложен во текот на целата сезона, на сите кои што се дел од овој кошаркарски проект. Упатија и благодарност до Општина Кисела Вода.

Тренерот Игор Гацов – Гац по втор пат во својата кариера успеа да однесе една екипа во првата лига (во минатото тоа го направи со екипата на Амак СП).

Тимот од Кисела Вода избори пласман во елитата од втора шанса, првата не ја искористи во двомечот со втората екипа на МЗТ Скопје Аеродром.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот