Академија ФМП следната сезона ќе игра во БИБЛ Лигата

фото: Навико Академија ФМП

Навико Академија ФМП во натпреварувачката сезона 2021/22, покрај настапот во домашното првенство и националниот куп, пријави учество и во БИБЛ Лигата како еден нов предзвик за наредната сезона.

„Позади нас е успешна сезона во која што успеавме да се пласираме во полуфиналето на Купот на Македонија и да избориме пласман помеѓу најдобрите 8 екипи во домашното првенство. Наредната сезона пред нас е поголем предизвик, освен натпреварите од домашната лига и Купот на Македонија, не очекуваат и натпревари на меѓународна сцена кои ќе бидат пред се искуство и предизвик за нашата екипа“, стои во соопштението на Навико Академија ФМП.

Навико Академија ФМП заедно со екипите на ТФТ и Куманово ќе бидат претставници од Македонија во БИБЛ Лигата, во која што во сезоната 2021/22 ќе се натпреваруваат и екипи од Израел, Бугарија, Црна Гора и Косово. Регионалното натпреварување кое ќе биде поделено во две групи со по 6 екипи, треба да започне на 5ти Октомври, по претходно извршена ждрепка која е најавена на 26ти Август во Софија.2

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот