Академија ФМП се засили со Петровски и Димитровски

фото: fmp.mk

Лука Петровски од Куманово и Љубиша Димитроски кој настапуваше за МЗТ Скопје УНИ Банка, од денеска се нови играчи на Академија ФМП.

Академија ФМП потпиша едногодишен договор со Петровски кој во својата кариера има настапувано за екипите на АБА Струмица, МЗТ Скопје Аеродром, Тирана, Работнички, Карпош Соколи и Куманово каде што беше последните 2 сезони.

– Пред се ми е задоволство што ќе го носам дресот на Академија ФМП, бидејќи ова е еден амбициозен клуб со добра организација и услови. Работата со тренерот Петровиќ ми е позната од претходните сезони и се надевам на успешни резултати во наредниот период – изјави Петровски.

18-годишниот Димитровски потпиша двегодишен договор со можност да биде продолжен на уште една дополнителна година. Во својата професионална кариера настапуваше за екипите на МЗТ Скопје Аеродром и МЗТ Скопје УНИ Банка и беше член на младинските репрезентации на Македонија.

– Среќен сум поради моето доаѓање во Академија ФМП, пред се ми претставува чест да работа со тренер како Петровиќ, кај кого мислам дека ќе ја усовршам мојата игра и имам можност многу да напредувам. Се надевам на успешна сезона со повеќе победи и напредок во мојата игра – изјави младиот Димитровски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот