Ајнтрахт го откупи Лука Јовиќ од Бенфика

EPA-EFE/DANIEL DAL ZENNARO

Јовиќ во редовите на Ајтрахт пристигна во 2017 година како позајмен играч од Бенфика, но германскиот тим постојано имаше опција да го откупи договорот и по фантастичните игри сезонава тоа и го стори. Ајнтрахт и официјално го откупи Јовиќ, а сумата која Бундеслигашот и ја плати на Бенфика се движи помеѓу 6 и 12 милиони евра, додека српскиот репрезентативец потпиша четиригодишен договор.

– Многу сме задоволни со развојот на Лука. Откупот на договорот од Бенфика воопшто не беше доведен во прашање, само чекавме да дојдеме до крајот на сезоната. Тој е играч со неверојатни можности и многу ни е важно што успеавме да го „врземе“ за нас во наредните четири години – изјави Фреди Бобич, спортскиот директор на Ајнтрахт.

Лука Јовиќ во редовите на германскиот тим пристигна во 2017 година и во првата сезона на 22 натпревари постигна осум голови, додека оваа е фантастичен со 17 голови и шест асистенции на 27 одиграни натпревари.
За него постои огромен интерес помеѓу големите екипи, а медиумите шпекулираат дека тој на лето за сума помеѓу 60 и 70 милиони евра ќе се пресели во Реал Мадрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот