Ајнштајн имал право | Општата теоријата за релативност потврдена: Научниците забележале светлина зад црна дупка

црна дупка ајнштајн
ФОТО: Принтскрин/Јутјуб

Астрономите за првпат забележале светли одблесоци на Х-зраци од супермасивна црна дупка во центарот на галаксијата оддалечена 800 метри светлосни години.

Истражувачите проучувале карактеристика позната како корона, но телескопите исто така собрале неочекувано „светлосно ехо“. Овие дополнителни зраци биле помали, подоцнежни и со различни бои од светлите одблесоци.

Откритието ја потврдува општата теоријата за релативност на Алберт Ајнштајн

Гравитационото повлекување од црните дупки во суштина ги прекршува светлосните зраци околу себе, давајќи им на научниците прв поглед на она што се крие позади.

„Пред педесет години, кога астрофизичарите почнаа да шпекулираат како магнетното поле ќе се однесува во близина на црна дупка, тие немаа идеја дека еден ден ќе имаме техники за да се набљудува ова директно и да се види општата теорија на релативноста на Ајнштајн во акција“, изјавил Роџер Бландфорд, коавтор на истражувањето, објавено во списанието „Nature“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Berninauta (@bernie_mg)

„Секоја светлина што влегува во таа црна дупка не излегува, така што не треба да можеме да видиме ништо што стои зад црната дупка“, рекол Ден Вилкинс, астрофизичар од Универзитетот „Стенфорд“.

„Причината што можеме да ја видиме е затоа што таа црна дупка го искривува просторот, ја прекршува светлината и извртува магнетни полиња околу себе“, вели Вилкинс.

Извор: „The Guardian“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот