Ајфеловата кула затворена поради штрајкот во Франција

Ајфеловата кула поради безбедносни причини денес ќе остани затворена за публиката, одлучи претпријатието кое е задолжено за нејзината експлоатација, јави дописникот на МИА.

Ајфеловата кула е затворена, поради штрајковите против пензиската реформа, со оглед дека дел од персоналот учествува во социјалното движење, објави претпријатието што работи со Ајфеловата кула (СЕТЕ).

Присутните вработени не се „доволно бројни за да се отвори споменикот во безбедносни и оптимални услови за прием на публиката”, на твитер профилот на Ајфеловата кула, при што е нагласено дека плоштадот под кулата сепак е достапен бесплатно.

Во коминикето не се прецизира дали споменикот ќе биде затворен и во петок, ако се знае дека мобилизацијата против пензиската реформа ќе продолжи.

Уште едно друго популарно место за туристите од целиот свет, Версајската палата советува да се „одложат посетите” четврток и петок, бидејќи работењето о на замокот ќе биде нарушено.

Напосетениот музеј во светот, Лувр вчера очекуваше да биде отворен но не и сите сали, слично како и Музејот Орсеј, кој очекува отворен „неизвесен” четврток.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот