Ајакс со прекрасен потег им покажа на САД како да кажат „Не на расизмот““

twitter/Ajax

Во центарот на светската јавност покрај пандемијата на коронавирусот е убиството на Џорџ Флојд од страна на полицаец во Минеаполис по што низ САД започнаа големи протести поради бруталноста на полицијата.

Се започнало откако наводно Флојд во маркет се обидел да плати со фалсификувана банкнота по што вработениот пријавил во полиција. Тој не бил агресивен при апсењето, но полицаецот Дерек Човин скоро осум минути со колено го притискал вратот на несреќниот Флојд.

Тројцата колеги на Човин го обезбедувале местото да не може никој да им пристапи, а Флојд дури 11 пати им рекол на полицајците дека не може да дише,  по што на пат кон болницата починал.

Полициската бруталност и првичната инертност на градските и судските власти кои не подигнаа никакво обвинение за полицајците ги натера граѓаните низ САД да излезат на масовни протести на кои бараат Афроамериканците да бидат третирани подеднакво како и останатите луѓе, а не да се гледа бојата на кожата.

Холандскиот фудбалски гигант Ајакс одлучи да му оддаде почит на трагично загинатиот Флојд но во исто време им прати порака на САД како треба да се однесуваат. Ајакс на својот официјален профил на Твитер објави фотографија од пет деца и напиша:
„Нашите деца не се родени да мразат. Кажете му Не на расизмот“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот