Ајакс сака да го врати Луис Суарез во Амстердам

Луис Суарез/фото: EPA-EFE/Ballesteros

Луис Суарез по истекот на договорот го напушти Атлетико Мадрид и во моментов ги разгледува пристигнатите понуди, а наскоро се очекува да добие и од клубот кој го прослави во Европа.

Откако самиот фудбалер потврди дека нема намера да се враќа во Јужна Америка и да игра за Ривер Плата, вечерва поголем број медиуми објавија дека Суарез би можел да се врати во Ајак за кого играше од 2007 до 2011 година.

Челниците на холандскиот тим сакаат да го ангажираат уругвајскиот репрезентативец како замена за Себастијан Алер кој се пресели во Борусија Дортмунд.
Иругваецот за Ајакс одигра 159 натпревари и постигна 111 гола а имаше и 68 асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот