Ајакс победил и поголеми фаворити од Тотенхем

По пауза од 57 години тимот на Тотенхем повторно игра едно полуфинале во европските купови. На својот нов стадион екипата од Северен Лондон го пречекува Ајакс од Амстердам, најпријатното изненадување во годинешното издание од Лигата на шампионите.

Шансите за тоа која од овие две екипи ќе патува во големото финале се изедначени, но што се однесува до првата средба, мора да се истакне дека во улога на благ фаворит е домашниот тим.

Тотенхем во последните осум од одиграни десет средби во Лондон, успеа да дојде до триумф. Интересно е и дека фудбалерите на англискиот тим најголемиот број од головите ги постигнале од прекин и тоа по 75 минута од натпреварите. Во последните шест дуели со екипи од Холандија, Тотенхем излегол како севкупен победник.

Во претходните две средби од квалификациите, Тотенхем ја надигра Борусија Дортмунд, а потоа и големиот ривал од Англија тимот на Манчестер сити.Од друга стран, пак, Ајакс направи огромни две изненадувања, откако најнапред во осминафиналето го елиминираше големиот Реал Мадрид, за да потоа биде подобар и од Јувентус, екипа на која ѝ се даваа најголеми шанси за освојувањето на шампионскиот трофеј.

Холандскиот тим со освоени четири титули во Лигата на шампионите е еден од најтрофејните во историјата на европскиот фудбал, што секако дека ќе им послужи како инспирација на младите фудбалери на Ајакс, во дуелот со поскапиот англиски клуб, чија колекција на пехари е далеку поскромна.

Главната опасност по голот на гостинските фудбалери се очекува да доаѓа од Кристијан Ериксен, кој во Тотенхем дојде токму од Ајакс. Домашните одбрамбени фудбалери се очекува да имаат големи проблеми со Душан Тадиќ, кој во досегашните дуели од натпреварувањето постигна шест гола.

Оваа средба ќе започне утре во 21 часот, а ден подоцна е натпреварот помеѓу Ливерпул и Барселона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот