АИ: Судирите во Иран одземаа најмалку 208 животи

Фото: EPA-EFE/VIDAR RUUD

Во интервенции на иранските безбедносни сили на протестите во земјата, покренати по зголемувањето на цената на горивата, загинаа најмалку 208 лица, се вели во новите податоци на Амнести Интернешнл.

Во изјавата се нагласува дека „алармантната” статистика се заснова на „веродостојните извештаи” што ги добиле, додавајќи дека целокупниот биланс веројатно би бил уште полош.

Амнести тврди дека десетици жртви се пријавени во градот Шахрирар во провинцијата Техеран, но не може да понуди локации за другите делови на државата каде што беа пријавени смртни случаи.

– Масовната употреба на смртоносна сила беше инструмент за задушување на протестите, изјави за Ал Џезира, Раха Бахреини, од АИ за Иран.

– Ескалацијата на употребата на сила е евидентна од информацијата дека демонстрантите биле застрелани одблизу. Врз нив било пукано и од хеликоптери и од покриви на згради, додаде таа.

Иран, кој не даде детали за жртвите, претходно ги отфрли бројките на Амнести.

Демонстрациите во Иран започнаа кон средината на ноември по одлуката на властите да ги зголемат цените на горивата, како дел од мерките за олеснување на санкциите на САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот