АХВ: Се појави Африканска свинска чума – угинале 14 свињи во две фарми во делчевско Драмче
Врз основа на добиени лабораториски наоди од Институтот за ветеринарна медицина од 06.01.2022 година, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) го потврди првиот случај на присуство на болеста Африканска свинска чума во две огледувалишта во делчевското село Драмче каде се угинати 14 свињи.
Како што информираат од АХВ, директорот Николче Бабовски донесе решение со кое нареди преземање на контролни и заштитни мерки за контрола и сузбивање на болеста, а за појавата на болеста официјално ги извести и Светската организација за здравствена заштита на животните – ОИЕ и Европската комисија.
-На целата територија на Република Северна Македонија се забранува промет и движење на свињи, одржување на изложби или друг вид на спортски или културни настани за сите приемчиви животни на оваа болест, а до крајот на месецов ќе се спроведе и вонреден попис на свињите и клинички преглед во оглесдувалиштат, се вели во соопштението од Агенцијата за храна и Ветеринарство.
-Во одгледувалиштата каде е потврдено присуството на болеста, извршена е еутанизација (хумано убивање) на 6 свињи, земени се мостри за лаборатиориско испитување, а лешевите на угинатите и еутанизираните животни, под официјален надзор, се нештетно отстранети и закопани. Со цел уништување на вирусот, во овие одгледувалишта извршена е и темелна дезинфекција на просторот и опремата, преземени се и мерки за нештетно отстранување на свежо месо, подготовки од месо и производи од месо кои се затекнати во фрижидерите во домаќинствата во чии одгледувалишта е потврдено присуството на болеста, додаваат од АХВ.
-За одгледувачите на сила е и мерката за задолжително пријавување на секој сомнеж на болеста и на угинување на животни. Во зоната под надзор (во радиус од 10 километри околу жариштата каде болеста е потврдена), а која ги опфаќа општините Делчево и Македонска Каменица со населените места Ѕвегор, Габрово, Полето, Костин Дол, Селник, Косевица, Македонска Каменица, Луковица, Тодоровци, Бигла, Косово Дабје, Делчево, Турија и Иливо, се забранува движење и превоз на свињите во и од сите одгледувалишта од заштитната зона, освен ако свињите се упатуваат на колење во најблиската соодветна кланица, дополнија од АХВ.