АХВ потврди дека нивна вработена е заразена со коронавирусот

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) преку соопштение до медиумите потврди дека нивна вработена е заразена со коронавирус, но дека нивната работа не е доведена во прашања.

Вработената која е заразена, наведуваат од АХВ, не доаѓала на работа од 2 април, односно веќе една седмица, а минатата недела е испратена во домашна изолација.

–Седум други вработени кои биле во контакт со неа, исто така, се пратени на домашна изолација. Уште денес е направена реорганизација на Секторот за здравствена заштита и благосостојба на животните, и тој продолжува да работи непречено. Министерството за здравство ги реализира епидемиолошките анкети со вработените, по што ќе се одлучи колку луѓе ќе бидат дополнително ставени во изолација, за што дополнително ќе известиме- наведуваат оттаму.

Прочитајте и...  Променливо облачно со повремени врнежи од дожд до крајот на неделата

Агенцијата за храна и ветеринарство, во соопштението наведува, дека најостро го осудува обидот на порталот ak-press.mk, да ја манипулира јавноста, ширејќи лажни вести дека е доведено во прашање функционирањето на Агенцијата и контролата на безбедноста на храната, поради потврден случај на заболено лице од овој вирус, кое е вработено во институцијата.

Во услови на прогласена пандемија и на највисоко ниво подигнати мерки за заштита од вируот од страна на државата,  велат од Агенцијата,  неодговорно кон граѓаните е со создавање на лажна слика за реалнита состојба да се креира колективна несигурност и да се создава паника.

-Агенцијата за храна и ветеринарство и во вакви услови е максимално посветена на исполнување на законските обврски за контрола на безбедноста на храната и здравјето на граѓаните и ниту во еден случај, не е доведено во прашање нормалното функционирање на институцијата. На максимално високо ниво во Агенцијата имплементирани се сите препорачани безбедносни мерки и препораки од Владата и Комисијата за заразни болести за заштита од КОВИД 19- се вели во соопштението.

Прочитајте и...  Уште четири работнички од иста конфекција во Штип заразени со Ковид-19

 

Прочитај повеќе

Димитров ќе земе учество на конференција на Советот на Јадранско–јонската иницијатива

Слободен печат

„Излегувај надвор“- Жена без маска грубо избркана од маркет од купувачите (ВИДЕО)

Слободен печат

Венецуела со авиони ловци ги штити петте иранските танкери

Слободен печат

Еваристе Ндајишимије избран за претседател на Бурунди

Слободен печат

Филипче: Само со придржување до мерките може постепено да се враќаме во нормала, алтернатива на тоа е строга рестрикција

Слободен печат

Италијанската полиција уапси 10 припадници на мафијата „Ндрангета“

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Расте бројот на деца кои живеат во сиромаштија – ќе се зголеми на 672 милиони

Слободен печат

Кофинансирани грантови за технолошки развој за надминување на последиците од КОВИД-19

Слободен печат

Бугарите атакуваат и на српскиот јазик: Во времето кога се формирал српскиот јазик Бугарите не беа Словени

Слободен печат

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија иако имаше ригорозни мерки не се справи со вирусот

Слободен печат

Гренел: САД подготвуваат нови санкции за Северен поток -2

МИА Агенција

Финансиска поддршка за април и мај ќе добијат филмските работници и тие што останале без работа

Слободен печат