AХВ ги исклучи кучињата и мачките од кампањата „Стоп беснило”

Кучиња, Фото: МИА

Собрани се доволен број примероци од кучиња и мачки, поради што овие животни се исклучени од кампањата за подобар пасивен надзор на болеста беснило.

Според Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), продолжува собирањето угинати животни (лисици, волци, чакал, куна, ласица и јазовец) за лабораториско тестирање за беснило.

– Кампањата „Стоп беснило” во изминатиот период ги даде очекуваните резултати. Со оглед дека се прибрани доволен број примероци од кучиња и мачки, ги исклучуваме овие видови животни од кампањата и за нив нема да се врши исплата. Кампањата „Стоп Беснило” продолжува со пријави и исплата на надомест за диви животни, кои може да се пријават или на мобилна апликација достапна на Google play store или на бесплатниот телефонски број 0800 00 210, велат од АХВ.

Според препораките на ветеринарите, секој што ќе види угинато животно, не треба да го допира. Најдобро е случајот веднаш да го пријави на 0800 00 210 или на мобилната апликација „Стоп беснило”.

Кампањата „Стоп беснило” почна на 30 јули со првиот дел – медиумска промоција на аудио и видео спотови за едукација на граѓаните.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот