Ахмети: Зекири ми бараше да биде пратеник на ДУИ, еве што му одговори Зекири

EPA/VALDRIN XHEMAJ

Во синоќешното гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, gi коментираше изјавите на поранешниот новинар и актуелен пратеник на СДСМ  Мухамед Зекири, кој многу често ги критикува интегративците.

Според Ахмети, Зекири барал од него да биде пратеник на ДУИ пред 7-8 години.

„Мухамед дојде кај мене за да стане пратеник на ДУИ. Пред 7-8 години дојде во мојата канцеларија, барајќи да стане пратеник на ДУИ. Да знаев дека се налутил би го земал предвид, но му реков многу си добар во водењето емисии на „Алсат“, продолжи со својата емисија бидејќи сите треба да придонесеме.“ нагласи Ахмети.

Осврнувајќи се на коментарите на Ахмети, Зекири одговори со статус на социјалните мрежи со зборовите: „Јазикот оди каде што забот боли“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот