Ахмети: Заеднички да чекориме кон сигурната иднината на нашата земја

Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети гласаше во вториот круг од претседателските избори на избирачкото место 0816 во Зајас-Џума.

– Денешниот ден за сите граѓани во земјата е многу битен за давање порака до целиот регион и до меѓународната заедница дека сме зрело општество. Не е ден за седење дома, туку ден за да се даде придонес за иднината и така сите заеднички да чекориме кон сигурната иднината на нашата земја. Излезноста до овој момент е поголема за 0,5 проценти споредбено со првиот круг во оваа време. Според моите информации до овој момент изборниот процес се одвива мирно и без никакви проблеми – рече Ахмети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот