Ахмети: Во прв круг победивме во Сарај, Липково и во Пласница, значителна предност имаме во Тетово, Чаир, Кичево и Струга

Али Ахмети, лидер на ДУИ, Фото: Слободен печат

ДУИ победи во првиот изборен круг на локалните избори во Липково, Сарај и во општина Пласница изјави лидерот на партијата Али Ахмети на вечерашната прес конференција од седиштето во Мала Речица.

Ахмети рече дека ДУИ е со значителна предност во Тетово, Чаир, Кичево, Струга, Желино, Теарце, Боговиње, Арачиново и во Долнени.

– Во Дебар одиме во втор круг, во Гостивар за 100 отсто го зголемивме партискиот број на гласови. Во втор круг одиме во Чашка и во Врапчиште – изјави Ахмети.

Лидерот на ДУИ за советничките листи во албанскиот блок прогласи убедлива победа во Гази Баба, Шуто Оризари, Битола, Охрид, Чучер Сандево, Ресен, Велес, и како што рече, една дебела победа во Куманово.

Ахмети честита за успешно спроведените ибори и рече дека тие се рефлексија на државата.

Како што јавува нашиот известувач од Мала Речица, атмосферата во штабот на ДУИ е тивка, нема прослава, а присутните си заминаа дома.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот