Ахмети во Охрид: Консензусот од локалните избори го продолживме и на претседателските

Демократската Унија за Интеграција во пресрет на активностите за Претседателските избори, по одржување на средбите со граѓаните во Преспа и Битола одржа средба и со граѓаните на Охрид, каде членовите на ЦИШ кои се обратија пред присутните едногласно истакнаа дека гласот за консензуален претседател е глас за иднината на земјата, глас за ги однесеме напред процесите, и воедно успешно да ги заокружиме, како што е членството во НАТО и во ЕУ.
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети пред охриѓани рече дека на последните локални избори, за прв пат се обединија и се поддржаа кандидатите на двете партии.
„Демократската Унија за Интеграција во градот Скопје, Куманово и Охрид даде поддршка за кандидатите на владиниот партнер, додека ние добивме поддршка каде во трка беа нашите кандидати, во Тетово, Гостивар, Кичево и Чаир. Воедно заедно го спроведовме и референдумот, еден многу важен момент бидејќи се одлучуваше за тоа дали ќе се оди напред или ќе се вратиме назад. Независно од толкувањата дека наводно овој референдум не би бил успешен, зошто тогаш другата страна не излезе да се испроба себеси, заради тоа овој референдум не може да се нарече неуспешен кога гласаа повеќе од 650.000 гласачи”, рече Претседателот на ДУИ, Али Ахмети.
Претседателот на ДУИ Ахмети истакна дека пред 5 години требаше да се изнајде заеднички јазик за консензуален кандидат за претставник на државата.
„Подобро покасно, отколку никогаш, бидејќи еве на крај се постигна, со дебати и консултации и со ова ние инсталираме вредности со заеднички кандидат, со г-дин Стево Пендаровски како претседател и наш претставник. На 21 април не се гласа само за г-дин Стево Пендаровски, се гласа за Европската иднина на земјата, се гласа за полноправно членство во НАТО, затоа што другата страна се двоуми и не е спремна да ги исполни обврските кои произлегуваат од барањата и договорите со меѓународна одговорност, секогаш бегаат и не даваат одговор за тоа дали ќе го почитуваат Преспанскиот Договор, ако овој договор не се почитува тоа значи враќање назад и секое повлекување од овој договор е самоубиство за граѓаните на Северна Македонија”, истакна Претседателот на ДУИ.
 Воедно, претседателот на ДУИ, Али Ахмети упати повик до сите охриѓани за градоначалник на Општината да го гласаат кандидатот Константин Георгиевски.
„Оваа поддршка ќе ви се врати со добрина. Сите граѓани кои живеете во градот Охрид, на 21 април гласајте за Константин  затоа што гласате за себеси, за Вашите деца, за Вашата иднина, без разлика на која заедница и припаѓате, бидејќи на крај на краиштата сите сте жители на Охрид”, истакна на крај Ахмети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот