Ахмети упати честитка: Посакувам овој Божик да донесе благосостојба и мир во сите семејства што слават

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети упати честитка до сите православни верници по повод најголемиот христијански празник Божик.

-Посакувам овој Божик да донесе благосостојба и мир во сите семејства што слават и благословениот дух на овој празник да ги допре сите луѓе, изразувајќи желби за посветла иднина за сите нас заедно. Ја користам оваа прилика да истакнам дека Божик е токму моментот кога преовладува солидарноста со оние на кои им е потребна помош и духот да се биде едно со оние што бараат надеж, кулминира. Затоа верувам и сум оптимист дека 2021 година ќе биде една година што ќе тече во оваа насока и под овој дух, пишува во честитката Ахмети.

Божик, наведува лидерот на ДУИ во честитката, ги обединува семејствата како еден од основните елементи на општеството и ги приближува сите луѓе едни кон други преку вербата во Бога, а истовремено потсетува на благословот што разликите не обединуваат и не прават побогати.

-Изразувајќи искрени честитки до секој од вас и вашите семејства, се надевам дека овогодишната прослава на Божик ќе ви донесе добро здравје во вашите домови. Имајте убав празник пријатели, честито, пишува во честитката од Ахмети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот